ММС

Објавено на: 07/24/21 9:15 AM

Се појави нов сој на коронавирус во Велика Британија – итно се прават анализи

Нов вид на коронавирус се анализира во Велика Британија, каде се потврдени 16 случаи на заразата. Експертите од Институтот за јавно здравје на таа земја итно го анализираат новиот вид.

Како што рекле, нема докази што сугерираат дека новиот вид ги прави вакцините помалку ефикасни.

Повеќето случаи се поврзани со патување во странство и во моментов нема докази за локално пренесување.

Институтот за јавно здравје на Велика Британија спроведува лабораториски испитувања за да се утврди влијанието на мутацијата врз однесувањето на вирусот.

Сето ова се случува во време кога бројот на случаи назараза со делта сојот се зголеми од минатата недела во 33.716 на 286.765.

– Ширум државата се потврдени 16 случаи на инфекција со сојот Б.1.621, повеќето од нив се поврзани со патувања во странство и во моментов нема докази за локално пренесување – беше речено од британскиот институт.

Извор: Телеграф.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1