ММС

Објавено на: 07/23/21 8:40 PM

Летаа казни за брзо возење во Крива Паланка – МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат правилата!

Спроведена засилена акциска контрола на подрачјето на Крива Паланка, денеска во периодот од 12 до 18 часот, при што се санкционирани 52 возачи поради брзо возење, информираат од МВР.

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1