ММС

Објавено на: 07/23/21 12:10 PM

Пуштив брада по желба на син ми – Премиерот Заев откри на што се должи новиот имиџ

Последниве денови најкоментиран е новиот имиџ на премиерот Зоран Заев, кој во овие летни денови реши да пуши брада.  ММС го праша премиерот на што се должи неговиот нов имиџ – зрелост, лабаво во летните денови, ги следи светските трендови на мажите или, пак, можеби дефинитивно вака во иднина ќе изгледа.

– Па нека се коментира слободно. Како и секој маж, така и јас,  малку да го одморам лицето во текот на летото. Летен имиџ. А сакам да ја исполнам желбата на синот. Последниот викенд бев со нив, не се бричев и малку ми порасна брадата. Син ми рече: „Тато, остави ја малку брадата, никогаш не сум те видел со брада, остави ја малку, па потоа ти одлучи си“. Така да, идејата дојде од синот и сакам да му ја исполнам желбата. И убаво е, штедам 20 минути наутро. Веројатно со годините е и зрелост ама полесно е, рече премиерот за ММС.

Откако е премиер Заев втор пат внесува новина во негвоиот имиџ. На последните избори во хотелот „Белви“ каде беше сместен штабот на СДСМ, по прогласувањето на победата тој пред медиумите за прв пат се појави со очила. И тогаш јавноста мислеше дека очилата се дел од неговиот имиџ, не потреба.

-Е, очилата се веќе со годините. Очилата ми се веќе потреба и си ги носам постојано со мене, рече Заев за ММС.

Весна Миленковска

Фото: Вангел Тануровски


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1