ММС

Објавено на: 07/23/21 9:36 AM

Спасовски промовираше нови тоалети и парно во полициските станици во Ранковце и Старо Нагоричане

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски оствари работна посета на полициското одделение во Ранковце и полициската канцеларија во Старо Нагоричане. Спасовски ги промовираше овие два реконструирани објекти, со што вкупниот број на реконструирани објекти е 58.

-Во двете полициски станици променета е пвц столарија поставени се нови кровни конструкции, парно кое што до сега не беше во функција, изградени се нови тоалети во рамки на објектот, што до сега тоа го немаше претходно и завршена е фасадата. Ова претставува една мотивација за сите вработени полициски службеници во овие две полициски станици, но ова е добро и за граѓаните кои што треба да ги остваруваат своите права и обврски овде. Во Старо Нагоричане од полициска канцеларија ќе го смениме статусот во полициско одделение, поради тоа што имаме зголемена фрекфенција, изјави Спасовски.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1