ММС

Објавено на: 07/23/21 7:55 AM

Посебен сообраќаен режим кај поранешен Скопски Саем

Во тек се градежни активности за изведба на попречен прекоп за приклучување на атмосферска канализациона мрежа за потребите на трговскиот центар „Еаст Гате СЕГ“, па поради тоа до завршување на градежните работи, на улицата Беласица (во близина на поранешен Скопски Саем), ќе биде воведен времен сообраќаен режим, известуваат од ЦУКС.

Од ЦУКС апелираат до сите учесници во сообраќајот да возат внимателно и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1