ММС

Објавено на: 07/23/21 7:31 AM

Патот преку Галичица затворен до седми август

Од денеска па наредните десет дена се до 7 август целосно ќе биде затворен за сообраќај регионалниот патен правец преку планината Галичица, поради изведување градежни активности за реконструкција на коловозот.

Патниот правец Р 2332 од селото Царина во преспанско се до спојот со регионалниот пат Р 1301 Охрид – Свети Наум со години наназад е затворен за сообраќај во зимскиот период од октомври до март.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1