ММС

Објавено на: 07/22/21 8:00 PM

Му изавдил нож среде пазар – Драма во Струга

Струшката полиција уапси 43-годишен маж кој со остар предмет среде пазар се обидел да нападне свој постар сограѓанин, информираат од полицијата.

-Вчера во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода П.В.(43) од струшкото село Велешта затоа што на Градскиот пазар во Струга го нарушил јавниот ред и мир и се обидел да го нападне со остар предмет А.Ч.(72) од Струга. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во билтенот на МВР.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1