ММС

Објавено на: 07/22/21 6:01 PM

„Постои тешка и темна страна на животот, но учиш да живееш“ – Цеца прозборе за болните моменти

Пејачата Светлана Цеца Ражњатовиќ со денови ужива на црногорското приморје каде неодамна одржа концерт пред неклку илјади луѓе во Будва. Таа вели дека е среќна поради настапите, но и дека секој нејзин настап и е многу важен. Пејачката истакна дека секогаш се грижи за нејзината публика да си помине убаво и дома сите да си замине задоволна.

– Сакам да гледам среќни лица и кога ќе видам колку се среќни, горда сум на нивните реакции на лицата. И по тоа правам распоред автоматски на сцена, како ме носи атмосферата и енергијата на луѓето јас така ја пеам следната песна, открила Цеца.

Таа откри и кога во животот не се чувствувала како лавица.

– Па, сите ги имаме тие некои моменти во животот кога се многу тешки, па ќе си речеш: Боже, ова никогаш нема да го пребродам, но се има рок на траење и убаво и лошо. Човекот низ животот учи дека ништо не трае вечно и кога ќе се помириш со тоа, дека животот не е само со среќни моменти, туку дека постои  малку и темна страна на животот. Тоа е како пливање во море, силни бранови, мирно море или бура, па сега кој како знае да плива ќе биде спасен или ќе потоне, истакнала Ражњатовиќ.

– Најтажни солзи беа оние кои паѓаа нагоре. Марина напиша една одлична метафора, таа е целосно неповторлива. И се што  напиша за мене навистина се антологиски текстови. Кога станува збор за тие солзи кои паѓаат нагоре, тоа се солзи кои сме ги пролиле поради луѓето кои не се повеќе со нас. Тоа мене ми има значење, завршила пејачката.

 

Извор: Еспресо.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1