ММС

Објавено на: 07/22/21 3:34 PM

Момче (21) успеало за осум часа да изврши 11 кражби – Полицијата го фати на излез од државава

Македонската полиција  уапси момче кое било барано со потерница,  крадецот за само осум часа успеал да изврши  11 кражби, информираат од полицијата.

– ЕВР Кисела Вода поднесе кривична пријава против Р.М.(21) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени 15 кривични дела, од кои 11 „тешка кражба“ во возила и четири дела „тешка кражба во обид“ во возила.

-Тој, во периодот од 22.00 часот на 14 март до 06.00 часот 15 март оваа година, за осум часа, извршил 11 кривични дела „тешка кражба“ од такси возила и четири кривични дела „тешка кражба во обид“ од такси возила, при што се стекнал со противправна имотна корист од околу 22.800 денари и причинил материјална штета од околу 76.500 денари. Веднаш биле преземени мерки и за него била распишана потерница. На 8 мај, тој бил лишен од слобода на Граничен премин „Табановце“, по што бил спроведен во полициска станица каде што ги признал делата и го појаснил начинот на извршување, стои во соопштението на МВР.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1