ММС

Објавено на: 07/22/21 12:25 PM

Пиев психоактивен чај, бев во пеколот – Меган Фокс за катастрофалното искуство со момчето

Меган Фокс и нејзиното момче, раперот Машин Ган Кели, отпатувале за Костарика каде што пробале ајахуаска – психоактивен чај во „вистинското опкружување, со домородците“.

Искуството предизвикува звучни и визуелни халуцинации и се вели дека лечи разни видови ментални болести како што се анксиозност, траума, депресија и многу повеќе.

„Мислев дека тоа ќе биде некакво искуство со пет ѕвезди, но погрешив“, рече Фокс во емисијата „Jimmy Kimmel Live“.

„Кога ќе стигнете таму, вие сте навистина на среде џунгла и не смеете да јадете после 13:00 часот. Треба да пешачите многу долга рута за да добиете вода, а не можете да се истуширате затоа што таму има суша. Немаше ништо гламурозно во тоа, и сè те прави ранлив, па некако му се предаваш на искуството “, рекла актерката.

Открила дека на почетокот ја повратила целата течност што ја испила.

Церемонијата, како што рекла таа, траела три дена, а открила дека отишла директно во „пеколот“ следната вечер.

„Значи, тоа е вашата верзија на пеколот, и јас дефинитивно бев таму“, додаде Фокс.

Извор: Нова.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1