ММС

Објавено на: 07/22/21 12:20 PM

„Пополекичка, кротко, ќе биде“, одговори Заев за договорот со партиите за заеднички кандидат за градоначалник за Тетово

На денешната средба со новинарите премиерот Зоран Заев одговараше на новинарски прашања, од кои секако поголем дел беа за претстојните локални избори.  На прашањето дали денешната средба со Али Ахмети значи дека се постигнал договор околу Тетово или сепак СДСМ ќе излезе со свој кандидат за овој град, премиерот рече:

-Пополекичка, кротко, ќе биде. Зошто? Затоа што се работи за коалициони партнери, со кои имаме голема доверба. Секако, во некои работи сме различни, тоа јавноста го знае, но секогаш сме се обидувале да изнајдеме решение, затоа што довербата и одговорноста е голема, да го водиме мнозинството во парламентот, а со тоа и извршната власт. Ваквите предизвици изискуваат време. Прво да видиме кои се кандидатите, номинирани од сите партии. Затоа реков за да побарате поддршка од помалите партии, треба да понудите и квалитетно решение, од она што имате на располагање, затоа што повикувајќи ги нашите членови и поддржувачи мора да имате аргументации за самите кандидати. Тоа се однесува за целата земја, не само за Тетово. Верувам дека низ ликовите за кандидати ќе ги изнајдеме решенијата. Направив средба со Тачи, со Бињал, денес имам средба со Ахмети и уште еднаш ќе потврдиме дека желбата за заеднички настап е присутна, а деталите и јас и тој денес не можеме да ги кажеме денес, постапките траат. Верувам дека на крајот ќе постигнеме заеднички настап затоа што ни е обврска на сите, а истовемено се надевам сите заедно ќе ја неговаме филозофијата за едно опшество за сите. Значи ќе бидат проткаени мултиетнички листи, со мултиетничка карактеристика на кандидатите, рече тој.

Заев доби и прашање за тоа дали СДСМ размислува за кандидат Албанец, на што одговори:

-Па во нашата постапка веќе имаме пет кандидати и троица се албанци. Секако следуваат анкетите како за сите други општини, рече тој и не сакаше да каже дали Абдулменаф Беџети е еден од кандидатите.

Тој кажа и дека најубава функција е функцијата градоначалник.

-Еве дочекав да бидам претседател на владата втор пат, но нема поубава функција од градоначалничката. Затоа што ги има сите убави надлежности. Има само една лоша, тоа е рушењето, но гледате дека не се ружи многу во државата. Сите други се им правите добро на лугето и разумно ми е зошто има толку многу кандидати, додаде тој.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1