ММС

Објавено на: 07/22/21 10:54 AM

Во Грција почина екс директорот на Клиничка болница- Штип, д-р Александар Стојановски

Почина Александар Стојановски(45) поранешен директор на клиничката болница Штип. Според информации Стојанов починал на плажа во Грција,  каде доживеал масивен инфарк.

Д-р Стојановски е претпоследниот директор на Клиничка болница во Штип, а пред неполна година ја заврши гинеколошката специјализација.

Од Клиничката болница-Штип за ММС ја потврдија веста за смртта на колегата и велат дека се шокирани од трагичната вест и ненадејната загуба.

Според нив докторот водел живот, не бил пушач и немал никакви хронични болести.  Оттаму и шокот е голем за смртта на колегата.

По директорскиот мандат ја продолжил работатат на Гинеколошко-акушерското одделение во Клиничката болница во Штип.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1