ММС

Објавено на: 07/22/21 10:12 AM

Им текна да обноват пат во радовишко шест години откако го оштетиле три поплави

Коловозот кај селото Покрајчево во општина Радовиш е од мостот на Радовишка река кон регионалниот пат во должина од 500 метри после шест години е обновен.

Толку време поминало пред општината да одлучи да го поправи локалниот патен правец кој од 2015 година наваму стоел оштетен.

Овој локален патен правец бил оштетуван во поплавите во 2008, 2013 и 2015 година и досега граѓаните од ова населено место возеле по оштетениот пат.

Како што информираат од локалната самоуправа, завршиле земјaните работи и пробивањето на патот меѓу селата Прналија и Супурге. Овој патен правец се гради во рамки на проектот за поврзување на локални патишта и развој на руралните средини, а за него се обезбедени 20 милиони денари преку Министерството за транспорт и врски.

Освен овие два зафати тековно се врши санација на ударните дупки на патот кон селата Али Коч и Коџалија.

 

МИА

 

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1