ММС

Објавено на: 07/22/21 10:09 AM

(ВИДЕО) Како се онесвести водителката на Дневникот на ХРТ

Во Дневникот на ХРТ-1 новинарката на ХРТ, Мирјана Посавац се појави во живо заедно со Игор Петернел, претседателот на Комитетот за човекови права на Движењето Татковина, од кого земала изјава кога одеднаш и се слошило.

Таа разговарала со Петернел за ненадејната оставка на претседателот на партијата Движењето татковината, кога одеднаш изгубила рамнотежа и зачекорила наназад. Директниот пренос веднаш бил прекинат.

 

Петернел видел како новинарката ја губи рамнотежата и збунет, веднаш тргнал во обид да помогне.

– Се надеваме дека Мирјана е добра – рекла водителката Ѓурица Дробац кога камерата се врати во студиото.

Извор: Вечернји.хр


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1