ММС

Објавено на: 07/22/21 9:53 AM

Не прескокнувајте го појадокот: Кои се најдобрите намирници за почеток на денот?

Нутриционистите постојано повторуваат дека појадокот е најважниот оброк во денот, така што почнувањето на денот со хранлив оброк е многу поважен одошто многумина мислат. Освен што оваа навика помага нивото на шеќер во крвта да биде во нормала. Поради тоа, експертите советуваат:

-Појадувајте секој ден (без исклучок). Постојат многу докази за тоа дека појадокот го подобрува здравјето и го намалува индексот на телесна маса, а истражувањата покажуваат дека во текот веројатно ќе согорите многу повеќе калории откако сте појадувале, додека прескокнувањето на појадокот е поврзано со согорувањето калории во текот на денот.

-Избегнувајте слатка храна, односно намирници кои се полни со шеќер и кои ја намалуваат енергијата.

-Наутро, јадете протеини со малку маснотии, како јајца и незасладени млечни производи, мешунки, грав и посни парчиња говедско или свинско месо и намалете го внесувањето на преработено месо.

-Добриот појадок би требало да содржи протеини, маснотии, јаглехидрати и влакна

Овес

Како цело зрно, овесот е полн со растителни влакна и протеини, како и витамини од групата Б и минерали, вклучувајќи железо, калциум и магнезиум. Покрај тоа, овесот се поврзува со намалување на ризикот од срцето болести, а докажано го подобрува и нивото на холестеролот.

Јајца

Јајцата се евтин, а хранлив производ. Две јајца содржа 50 отсто од витаминот Б4 (холин) кој ни е потребен во денот, а кој влијае на памтењето и расположението. Само едно јајце има околу 8 грама протеини.

Семки

Сусам, чиа, сончоглед, тиква или лен – семките може да ги јадете како додаток на житариците, во пудинг или пак, во смути – тие содржат протеини, цинк, магнезиум, железо и калциум.

Банани

Бананите ни помагаат да бидеме сити, а полни се и со Б витамин кој може да го подобри расположението и да ги намали тегобите. Бананите исто така помагаат и во намалувањето на холестеролот.

 

Извор:    vecernji.hr


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1