ММС

Објавено на: 07/22/21 9:07 AM

Момче (26) ја уценувало бившата девојка (45): И’ барал пари за да не објави фотографии и видеа од нивната љубов

Вчеравечер полицијата го лишила од слобода И.З.(26) од с.Чешиново, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „уцена“ – соопштија денеска од СВР Штип.

Имено, според пријавата од 45-годишна жителка на Кочани, И.З., со кого била во љубовна врска, ја уценувал дека доколку не му даде пари, ќе објавел фотографии и видео запис за неа со компромитирачка содржина.

Во координација со Јавен обвинител, лицето е приведено, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 259, став 1 од Кривичниот законик, информираше полиција.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1