ММС

Објавено на: 07/22/21 8:59 AM

Изгоре викенд куќа во голем пожар во Карбинци

Вчера попладнето голем пожар избувна во атарот на Карбинци, па поради силниот ветер огнените јазици коселе се пред себе. Утринава сè уште на одредени локации чади, но според градоначалникот на Општина Карбинци, Јордан Насев пожарот е под контрола и засега нема опасност повторно да се активира.

Штетите се големи, семејството кое беше евакуирано од викенд куќата изгуби се во пожарот, покуќнина, како и малиот бизнис со одгледување на ретки билки.

– Разговараме со семејството тие заминуваат за Скопје, каде што и живеат, денеска комуналното претпријатие ќе ги расчисти остатоците од изгорената викенд куќа. Штета имаме на електричните кабли кај препумпната станица за село Таринци. Проблеми со водоснабдувањето на ова село немаме, бидејќи систем е преориентиран од друг извор, вели Насев.

Според мештаните и сопствениците на викенд куќите, кои изгореа и беа во опасност пожарот почнал во близина на трафостаницата. Полициски службеници излегле на терен, а треба да утврдат дали пожарот е предизвикан од запалено стрниште или од како што велат очевидците од дотраена електрична мрежа и паднати електрични столбови. Градоначалникот на Карбинци, Насев вели дека истражните органи треба да истражат до крај, а како локална власт денеска до ЕВН ќе испратат и писмо, во кое ќе бараат да се санираат електричните столбови во селата Оџалија, Парналија и Припечани, каде што има паднати столбови и се опасност не само за предизвикување на пожари, туку и за месното население. Во Општина Карбинци пред 15 дена изгореа жито, повеќегодишни овошни насади и лозја, до општинската Комисија штета пријавиле 70 земјоделци, а изгорени се над 200 хектари со различни култури и насади.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1