ММС

Објавено на: 07/22/21 8:09 AM

Измама! Внимавајте како го пополнувате PLF формуларот за патување во Грција

Социјалните мрежи предупредуваат дека повеќе туристи кои сакале да патуват во Грција и го пополнувале PLF формуларот биле измамени. Овој формулар е бесплатен, но на нив им било побарано да платат 35 долари.

-Кога во Гугл пребарувачот ќе внесете “plf greece”, првите резултати се сајтови кои наплаќаат 35 американски долари за да го пополните PLF формуларот, и имаат платена реклама за да бидат на првото место од пребарувањето, за да посетителите одат на нивниот, а не на официјална страница на грчката влада. Многу луѓе кликнуваат на првата или втората страница во пребарување што не е владина страница. Во прашање се неколку различни домени, вклучувајќи ги и www.passengerlocatorform-greece.com/en/ и www.plf-greece.org. На овие страници, дури и наместо PLF пишува PFL. Образецот PLF е бесплатен и се пополнува исклучиво на веб-страницата на грчката влада https://travel.gov.gr/, се вели во предупредувањето на луѓе кои имале лошо искуство и кои советуваат на лугето кои сакаат да патуваат во Грција да не се залажуваат и да внесувајте броеви на картички на други сајтови, кои ги доведуваат лугето во заблуда.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1