ММС

Објавено на: 07/22/21 7:15 AM

(Видео) Хаос во Токио – Креветите од картони веќе попуштија

Повеќе од 11.000 спортисти престојуваат во Олимпиското село во Токио, а домаќините решија креветите да ги направат од рециклиран картон, што првично предизвика бурни реакции.

Направени се само за една личност и ќе можат да издржат тежина од околу 200 килограми, организаторите уверуваат дека се „потрајни“ од дрво, но и пред почетокот на игрите, има такви кои се убедени дека тоа не е точно и дека тие не се со посебен квалитет.


Еден спортист од Нов Зеланд веќе е разочаран од креветите во Олимпиското село бидејќи рециклираниот картон од кој се направени веќе пукнал.

Ова не се совпаѓа со „доказот“ на ирскиот атлетичар кој скокна на креветот и не го оштети, бидејќи очигледно има и такви кои добија со многу понизок квалитет, па мораа веднаш да побараат замена од организаторите.
Душеците се изработени од полиетилен и се состојат од три дела, па останува на спортистите да ја направат својата идеална комбинација заснована на тврдоста на душекот што тие вообичаено ја сакаат.

Извор: mondo.rs

Фото: Принтскрин


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1