ММС

Објавено на: 07/22/21 7:04 AM

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се искараа за датумот за избори, за ДУИ е прифатлив било кој

Имаме причина за одложување на изборите, а тоа секако е пописот кој ќе се спроведува во септември, и не сакаме кампањата да се поклопи со него, и секако причината е пандемијата за одлагањето. Така што ако не се промени тоа со закон изброрите треба да бидат до 17 октомври, и ќе имаме поклопување на кампањата со Пописот. Предлогот доминанатно од партиите е да биде 31 октомври, ако се согласат и тоа ќе биде вградено во Изборниот законик, изјави премиерот Заев.

Откако Заев изјави дека ќе бара согласност од партиите локалните избори во државата локалните избори да се одржат на 31 октомври, од опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагираа дека премиерот на своја рака, без консултација со останатите партии, бара поместување на датумот на локалните избори од средината на октомври и побараа изборите да се одржат на 17 октомври. Од друга страна, ДУИ информираа дека за нив е прифатлив кој било датум за одржување на изборите.

Од ВМРО-ДПМНЕ нагласија дека Заев „на своја рака без консултација со останатите партии“ бара поместување на датумот на локалните избори од средината на октомври.

– Ова е спротивно на досегашната пракса, но и кршење на Уставот каде јасно се утврдува дека мандатот на градоначалниците истекува пред датумот кој Заев го нуди како можен датум за локалните избори. Изговорот дека се поклопува пописот со кампањата не држат, бидејќи пописот може да се одложи за месец ноември и со тоа ќе се испочитува Уставот. Патем СДСМ и Заев до пред неколку дена ја убедуваа јавноста дека локалните избори и пописот се процеси кои можат без проблеми да течат паралелно, за сега Заев да говори нешто сосема друго, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1