ММС

Објавено на: 07/21/21 5:36 PM

Со 5 возила и 20 пожарникари се гаснеше пожарот во Карбинци, една вила изгоре, другата е спасена

Денес попладне избувал пожар во атарот на Општина Карбинци. Според неофицијални информациите од мештаните пламените јазици зафатиле дел од нивите, сувите дрвја крај патот, но и две вили.

ММС ја контактираше противпожарната служба во Штип, од каде ни потврдија дека интервенирале на овој пожар.

-Избувна пожар во село Карбинци, гореа две вили. Едната вила била повеќе опожарена бидејќи пожарот од таму и избувнал, а втората пожарникарите успеале да ја спасат за да не дојде до поголемо ширење на пожрот,  ни рече командирот на противпожарната служба, Тони Атанасов.

Според него пожарот го гаснеле пет противпожарни возила и 20 пожарникари.

– Кога дојдовме  пожарот беше проширен. Пожарот се гасеше со 5 противпожарни возила, 20 пожарникари интервенираа, а тоа е 90 посто од капацитето. Едната вила е доста опожарена, втората успеавме да ја спасиме од поголема штета. Исто така зафатена е и поголема површина на сува трева, а има и материјална штета за која допрва треба да се утврдува, вели комнадирот Атанасов и додаде дека пожарот веќе се става во мирување.

Причината за пожарот се уште не се знае, но според населението велат дека можно е да станува збор за проблеми со електричната струја во една од вилите, од каде е и започнат пожарот.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1