ММС

Објавено на: 07/21/21 3:22 PM

Не сакаа да носат бикини, па добија казни – Скандал со Норвежанките на ЕП во ракомет на песок

Скандалот кој изби во ракометот на песок доби завршница откако репрезентацијата на Норвешка на крајот е казнета затоа што не ги играла своите натпревари во бикини.

Ракометарките на Норвешка во ракомет на песок мечот за бронзата на ЕП во Бугарија го одиграа во шорцеви. Норвежанките сметаат дека правилата на ЕХФ кои налагаат носење на тесни гаќички доведува до сексуализација на ракометарките.

Европската ракометна федерација сепак одлучи да ги казни со 1.500 евра затоа што не ги почитувале правилата.

„Дисциплинската комисија на Еуро 2021 го реши случајот со несоодветната опрема. Во мечот за бронзен медал против Шпанија норвешкиот тим играше во шорцеви кои не беа во склад со правилата“, соопштија од ЕХФ.

Норвешниот сојуз не само што вети дека ќе ја плати казната, туку даде целосна поддршка на својот тим.

„Многу сме горди на девојките кои се на ЕП во ракомет на песок. Го кренаа гласот и рекоа дека е доста. Ќе ја продолжиме борбата овие меѓународни правила да се променат“, наведоа Норвежаните во своето соопштение.

 

Извор: Mondo.rs

фото: NBC News

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1