ММС

Објавено на: 07/21/21 3:02 PM

Го уби мојот син, го уби моето бебе: Маж обезглавил дете, па јадел од телото

Француската полиција смртно ранила маж (31), осомничен за обезглавување на тринаесетгодишно дете, чие глава е пронајдена во кофа. Мажот се сомничи дека јадел делови од телото на тинејџерот – објавија од тамошното обвинителство.

Властите дошле до овие бизарни сознанија во неделата во стан во јужниот дел на францускиот град Тараскон, кој бил изнајмен од маж со психичко пореметување. Полицијата го истражувала исчезнувањето на момче од згрижувачки дом во Марсеј, а трагите ги одвеле до адреса во Тараскон.

-Телото би можело да биде на малолетникот – изјавил обвинителот Лорент Гумбаи за новинската агенција АФП. Тој додал дека делови месо биле откинати од рамењата на жртвата, што всушност предизвикало сомнеж за канибализам.

„Меѓутоа, беше невозможно во овој момент да се потврди хипотезата за канибализам – додал тој.

Момчето кое локалните медиуми го идентификувале како Ромен, наводно одело во посета на неговата мајка од згрижувачкото семејство, која живеела на истата улица како и убиецот – пренесува Sun. Кога пристигнала на местото на настанот, мајката почнала да вика.

-Го уби мојот син, го уби моето бебе – викала неутешната мајка.

Ромен кој не го познавал својот татко, поголемиот дел од својот живот го поминал во згрижувачки семејства, а во петокот вечерта со својата најдобра пријателка, Амелија бил во Тараскон.

Мажот пак, кој претходно бил осудуван за делото „насилство“ избегал од станот скокајќи од кровот – истакнале соседите за медиумите.

Сторителот е пронајден три часа подоцна и смртно ранет – потврдил обвинител.

 

 

Фото: Илустрација, Unsplash / Ромен

Извор: telegraf.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1