ММС

Објавено на: 07/21/21 2:12 PM

(Видео) Маж размачка измет на интерфон од зграда во Нови Сад – српската јавност згрозена!

Станадите од една зграда во Нови Сад утрово непријатно се изненадиле! Имено, на социјалните мрежи кружи кратка снимка од безбедносна камера на која се гледа како едно момче во вечерните часови доаѓа пред зграда и размачкува измет по интерфонот. Според снимката, момчето го донесе изметот до зградата на картонска кутија од пица, го размачка по интерфонот, а потоа мирно со насмевка се оддалечи од местото.

Како што пренесуваат српските медиуми, управникот на зградата ќе разговара со станарите во врска со тоа дали имаат намера случајот да го пријават кај надлежните, за да може сторителот евентуално да се најде и да се казни.

Објавата со видеото поттикна низа коментари од корисниците на Фејсбук.

-На снимката може да се види лицето на овој „вундеркинг“, така што станарите треба да го пријават во полиција. Казната треба да биде шест месеци чистење на јавни тоалети – предлага еден од корисниците.

Дали мислите дека се работи за случаен избор на зграда и без никаков повод – прашува друг корисник.

Па и не ме чуди! Веројатно станарите од оваа зграда си ги шетаат кучињата и не чистат по нив – наведува трет корисник.

Извор:    kurir.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1