ММС

Објавено на: 07/21/21 1:45 PM

Вртоглава сума за еден концерт: Колку пари ќе заработи Цеца за два месеци?

Светлана Цеца Ражнатовиќ неодамна го одржа својот прв концерт по подолга пауза поради пандемијата на коронавирусот, а како што сега е откриено, во јули и август закажала десет концерти, од кои ќе заработи вистинско богатство.

Цеца важи за најплатена пејачка на овие простори, а според медиумите за една тезга зема дури 50.000 евра, што ако се помножат со десет концерти во јули и август, ќе заработи 500 000 евра.

Пејачката не ја подигнала висината на хонорарите после короната. Колку барала за своите настапи порано, толку ќе чини и сега.

На првиот концерт на Цеца после короната, присуствуваа 20.000 луѓе, а ниту дождот не ја спречи пејачката да ја испочитува публиката до крај, па затоа пееше до крајот на настапот и покрај дождот.

Цеца моментално ужива во Црна Гора, каде пред неколку дена традиционално ја отвори сезоната во еден престижен клуб во Будва.

Извор: Мондо.рс

Фото: Курир.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1