ММС

Објавено на: 07/21/21 1:13 PM

Апелација ја потврди првостепената пресуда за „Рекет”

Апелационен суд Скопје како неосновани ги одби жалбите на обвинетите Бојан Јовановски и Катица Јанева за случајот „Рекет” и ја потврди првостепената пресуда.

-Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ -91/20 познат во јавноста под името „Рекет”, донесе одлука со која жалбите на обвинетиот Бојан Јовановски од Скопје и обвинетата Катица Јанева од Скопје, ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди.

Вака донесената одлука ќе биде објавена во целост на веб страната на судот во рокот определен со Законот за управување со движењето на предметите во судовите – соопшти Апелациониот суд Скопје.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1