ММС

Објавено на: 07/21/21 11:25 AM

Изгоре ресторан во Желино

Утринава во пожар изгоре ресторан во Желино. Со две противпожарни возила на местото веднаш се упатиле шест пожарникари од Територијалната противпожарна единица Тетово, при што гаснењето на огнот траело нешто повеќе од три часа.

– Во Територијалната противпожарна единица во 4 часот и 8 минути беше пријавено дека има пожар на стариот пат од Тетово кон Желино. Од наша страна веднаш е излезено на лице место и беше утврдено дека гори ресторан. Имаше и плински боци кои претставуваа опасност. Интервениравме и пожарот беше локализиран во 7 часот и 20 минути. Повредени нема, а причинета е голема материјална штета, информира Ука Алити, командир на Територијалната противпожарна единица Тетово.

Инаку тетовските пожарникари секојдневно имаат интервенции. Вчера гаснеле два пожари, првиот на електричен столб во Џепчиште и вториот на отворено во близина на тетовско Теќе.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1