ММС

Објавено на: 07/21/21 11:20 AM

МОК донесе одлука: Олимписките игри се враќаат во Австралија

Само што почна почна програмата на Олимписките игри во Токио, австралискиот град Бризбејн е избран за домаќин на Игрите во 2032 година.

Игрите на тој начин ќе се вратат назад во Австралија. Пред 21 година домаќин на ОИ беше Сиднеј, а претходно Олимпијадата се одржа во Мелбурн во далечната 1956 години.

– Знаеме што е потребно за да ги одржиме успешни олимписките игри во Австралија – изјави премиерот на Австралија, Скот Морисон во текот на онлајн обраќањето до Меѓународниот олимписки комитет, пренесе АП.

Пред Бризбејн домаќин на Летните олимписки игри ќе биде Лос Анџелес во 2028 година, а Париз ќе ги нагости најдобрите светски спортисти во 2024 година.

Уште неколку градови и држави покажаа интерес за организациата вклучувајќи ги Индонезија, Унгарија, Кина, Катар и Германија.

Извор: Mondo.rs

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1