ММС

Објавено на: 07/21/21 10:49 AM

Таа знае се за нив, пред неа се пијанеле и дрогирале – Естрадата во паника поради филмот за Марина Туцаковиќ

Марина Туцаковиќ создаде популарни изведувачи, им го смени животот од корен, но ги знаеше и сите нивни тајни, стресови, бесови и пороци …

Историјата и случувањата на српската сцена и тоа како тие ги инспирира сценаристите и режисерите. Снимена е серија и филм за кантавторот Томи Здравковиќ, започнува снимањето на серијалот за Аца Лукас, а последниот најавен проект ќе биде игран филм за животот и кариерата на најпознатиот текстописец на просторите на поранешна Југославија – Марина Туцаковиќ.

Близок извор кажал детали за филмот, но исто така забележува дека покрај неговата уметничка вредност, ова достигнување може да обезбеди и скандалозни информации за членовите на домашниот шоу-бизнис.

– Нема сомнение дека припадниците на естрадата се во паника. Работејќи со нив, Марина на основа на нивниот живот ги напиша познатите стихови, па пејачите сега се плашат од она што би можело да се открие за нив во филмот, имајќи предвид дека таа знае апсолутно сè – открил изворот.

– Тие немаа тајни од Марин и Фута. Пред нив се опивале и дрогирале, доаѓале кај нив кога сакале, спиеле таму, јаделе и позајмувале пари. Покрај сето тоа, не е мал списокот со оние кои им должеа пари за цели албуми и големи хитови што ги напиша Марина. Филмот нема да се занимава строго и само со сцената, но отсуството на најголемите sвезди и озборувања за нив во филмот за Марина е невозможно. Поради тоа многумина се плашат – објаснува изворот и додава дека некои веќе ја повикале да ја молат да не открива ништо.

Извор/Фото: Курир.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1