ММС

Објавено на: 07/20/21 9:05 PM

Јапонец потроши 40.000 долари за влезници на Олимписките игри кои ќе се одржат без гледачи

Овој Јапонец потроши околу 40.000 долари за влезници за Олимписките игри во Токио, кои овојпат ќе се одржат без гледачи.

Казунори Такишима набави 197 билети за себе и неговите пријатели и можеше да влезе во Гинисовата книга на рекорди. Да присуствуваше на сите настани за кои купи билет, овој 45-годишен агент за недвижнини навистина ќе станеше светски рекордер по бројот на присутни олимписки настани.

Неговата олимписка страст, имено, трае веќе 15 години. И сега кога конечно ги дочека Игрите во неговиот роден град, не може да ги гледа во живо.

Сè започнало во 2005 година кога првпат го гледал натпреварот во лизгање и веднаш купил влезници за Зимските олимписки игри 2006 во Торино, пишува Си-Ен-Ен.

 

-Заминав без големи очекувања, но кога ја видов Шизука Аракава како освои злато, тоа ме инспирираше толку многу што оттогаш одам на сите Олимписки игри, рече Такишима.

-Кога ќе видам солзи на спортист по освоен медал или поради фрустрација од пораз, тоа ме тера да работам уште понапорно. Секој пат кога одам на Игрите, добивам таков вид на храброст и емоции, објасни јапонскиот суперфан кој оди секаде каде се одржуваат Олимписките игри.

За влезниците ќе ги добие парите назад, но тоа не го прави среќен.

-Потребно беше огромно време, напор и страст, но јас имам толку многу страст кон Олимписките игри што уживав во процесот на купување билети, иако беше тежок и предизвикувачки. Сега имам само тага и плачам секогаш кога ќе ги погледнам билетите, рече Такишима. Иако тој верува дека јапонските власти донеле одлука да ги забранат публика е врз основа на емоции, а не на бројки.

Извор: Индекс.хр


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1