ММС

Објавено на: 07/20/21 7:06 PM

Пред смртта никој повеќе не го препознаваше – Беше голем заводник, а криел мрачни тајни од јавноста

Славниот актер Патрик Свејзи почина како последица од рак на панкреасот, а засекогаш ќе остане запаметен по улогите во филмот „Валканиот танц„ и „Дух“.

Документарец за животот на починатиот актер, наречен „Јас сум Патрик Свејзи“, откри големи тајни за него, за кои зборуваше Лиса Свејзи, неговата сопруга.

Иако се чинело дека неговата мајка му била најголемата поддршка, сепак не било така како што изгледало во јавноста.

Неговата мајка била кореограф, па затоа постојано го охрабрувала, но на начин кој не бил секогаш правилен и поучен.

Имено, како што беше наведено, нејзиниот перфекционизам дури се претворило во физичко малтретирање.

– Мајката на Патрик всушност беше пример за тоа што се случува во семејства каде злоупотребата е присутна. Таа знаеше да биде многу насилна, но тоа не беше ништо во споредба со она што го претрпела како дете растејќи со нејзината мајка и нејзината баба – открила Лиса и додала дека Патрик се оддалечил од дома кога наполнил 18 години.

-Знаете што, ако некој ве оддалечи силно како што тоа го правеше неговата мајка, тоа често ги тера луѓето да тонат. Сепак, тоа влијаеше на него сосема поинаку, бидејќи го принуди да се бори уште посилно – заклучи вдовицата на Свејзи.

Извор: Еспресо.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1