ММС

Објавено на: 07/20/21 5:41 PM

Конечно ќе здивнеме од дождот – Пред нас се сончеви денови

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 26 до 35 степени. УВ=8

Во Скопје, сончево со мала облачност и умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 30 степени.

Во наредните денови следува период на стабилно време, во четврток со умерен, во долж Повардарието засилен ветер од северен и северозападен правец. Дневните температури ќе бидат без позначителни промени, а утрата ќе бидат посвежи. Позначителен пораст на температурите ќе има од недела.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1