ММС

Објавено на: 07/20/21 4:31 PM

Во Велес се вакцинираа млади од 16 до 18 години

На вакциналниот пункт во Здравствениот дом во Велес вчера и денеска се вакцинираа најголем дел од 79. млади велешани на возраст од 16 до 18 години, кои претходно аплицирале на вакцинација.мк. Тие се вакцинираа со прва доза од вакцината „Фајзер“.

Во исто време на овој пунк се вакцинираа и постари лица, кои примаа прва и втора доза од „Астра Зенека“ и  „Синовак“, и за овие два дена се вакцинирани повеќе од 270 лица.

Во истовреме се одвива  и вакцинацијата без закажан термин на пунктот во Спортската сала на ССОУ „Коле Неделковски“, информираат од овој вакцинален пункт.

Воедно, во велешко продолжува и теренската вакцинација на населението што ја врши екипа на ЈЗУ Здравствен дом. Како што информира за МИА, д-р Марина Тодоровска денеска имало  вакцинација на населението во селата  Согле, Теово и Богомила, кои се во Општина Чашка. Одзивот за вакцинација, како што вели, е добар и истата ќе продолжи и во наредните денови.

Инаку до вчера во 18 населени места во Општина Чашка со вакцина против Ковид -19 се вакцинирани 360 жители.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1