ММС

Објавено на: 07/20/21 2:52 PM

(Видео) Безос успешно полета и слета од вселената

„Возбуден сум, но не и нервозен. Ќе видиме како ќе се чувствувам кога ќе бидам врзан за своето седиште“, рече пред полетување американскиот милијардер Џеф Безос кој денес од пустината во западен Тексас, САД полета до работ на вселената, а патувањето траеше 11 минути.

 

По слетувањето, пак, видно завоволен рече:

„Ова е најдобриот ден досега“, изјави Безос  по 11 минути авантура

Најбогатиот човек во светот се вивна во вселената со својата ракета Њу Шепард на својата компанија „Блу Ориџин“ како дел од екипажот во состав на историскиот суборбитален лет кој е пресвртница за почетокот на новата ера на комерцијални летови во вселената.

Џеф Безос на патувањето  биде придружуван од астронаутката Воли Фанк која со 82 години стана најстарата личност која летнала во вселената. Со нив патуваше и холандскиот тинејџер Оливер Даемен кој стана и најмлад астронаут и воедно првиот патник кој платил за патување со компанијата „Блу Ориџин“.

Четвртиот член на екипажот беше братот на Џеф Безос, Марк кој управува со семејната фондација и волонтира како пожарникар.

Екипажот помина неколку минути над Кармановата линија која е меѓународно призната граница помеѓу земјината атмосфера и вселената на 100 километри надморска висина. А во текот на патувањето неколку минути почувствува и безтежинска состојба и ја видоа закривеноста на планетата.

Тие слетаа на Земјата со помош на падобрани со брзина од 1,6 километри на час во пустината во Тексас.

Погледнете го првиот комерцијален лет во вселената, подготвување,, полетување и слетување.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1