ММС

Објавено на: 07/20/21 1:30 PM

(Вознемирувачко видео) Се урна уште еден кат од зградата во Белград – Фирмата до пред еден месец снимала „порничи“, а сега гради згради

Пред станарите на пред неколку дена срушената зграда во Белград, денес, околу попладне, се сруши остатокот од нивниот живот, уште еден кат пропадна во дупка што ги проголта нивните домови и спомени. Ѕидовите паднале и зад нив останал голиот живот на станарите, а нечие минато висело. На луѓето не им било дозволено ниту да влегуваат за да си ги соберат работите. Сеќавањата на цели генерации се закопани во тие урнатини.

Пет дена по катастрофалниот пад на зградата на улицата Видовданска на Врачар, изведувачот како да пропаднал во земја. Против директорот на фирмата која гради е поднесена кривична пријава, но немало жива душа на адресата на која ја регистрирал компанијата.
Погледнете што откри Блиц на самото место, најсмешно од се е што оваа фирма, како што рече репортерот на Блиц, до пред еден месец снимала филмови за возрасни, а сега гради згради.

Урбаниот хаос во Белград може да се види и во видеото на blic.rs, во чија снимка се гледа моментот како се руши зградата по втор пат.

https://www.blic.rs/vesti/beograd/kao-kucica-za-lutke-survao-se-jos-jedan-deo-zgrade-u-vidovdanskoj-sa-ulice-se-vide/deey7pw


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1