ММС

Објавено на: 07/20/21 1:24 PM

Досега поделени 50.000 смарт картички на Табановце за српските граѓани

Над 50.000 смарт картички за бесплатни патарини се поделени досега на српските граѓани кои транзитираат низ Македонија на својот пат кон летувалиштата кон Грција, откако Владата воведе таква мерка за да им се заблагодари на Србите за претходно донираните вакцини против ковид-19.

Денеска смрт картички на патниците на Граничниот премин Табановце делеа и министерот за транспорт и врски на Македонија, Благој Бочварски со неговиот српски колега, Томислав Момировиќ.

Процесот, вели Бочварски ќе продолжи и понатаму, со што добрососедските односи ќе продолжат и во најтешките времиња.

– Ние сме две пријателски земји, а тоа го покажува историјата, тоа го покажуваме и сега. Со овој гест на благодарност до граѓаните на Република Србија во име на нашето пријателство, добрососедство и хуманиот однос на Србија и граѓаните на Србија кои во време на најголемата здравствена криза несебично поделија бесплатни вакцини за граѓаните на наашата земја, истакна минситерот.

Министерот ги посочи досегашните проекти со кои се отвора One Stop Shop зоната на граничниот премин со што се овозможува со едно застанување побрз проток на патници и стока меѓу двете земји. Псоочи дека со колегата Момировиќ се разговара и за повторно воведување на брзиот воз Белград – Скопје – Солун.

– Со министерот ќе разговараме и за можностите за повторно воведување на сообраќај на брзиот патнички воз Белград – Скопје – Солун. Во делот на патничкиот коридор 10 двете земји имаме развиено модерна патна инфраструктура, ја имаме најдобрата и најбрза рута од Северна Европа и Југостична Европа и мораме оваа вредност на коридорот 10 да ја искористиме на најдобар можен начин овозможувајќи брз проток на стоки и патници на граничните премини, посочи тој.

Министерот за инфраструктура, градежништво и сообраќај на Република Србија, Томислав Момировиќ истакна благодарност во името на српските граѓани при што додаде дека ова ќе биде силен знак за иницијативата мини шенген.

– Исто така овој гест ќе даде силен знак за иницијативата мини шенген која е покрената од страна на претседателот Вучиќ и премиерот Заев се со цел проширување на заедничкиот економски простор, зголемување на прометот на луѓе и стока, јакнење на конкурентноста на целиот регион. Се радувам на претстојните разговори и било кои иницијативи кои ќе водат во јакнење на односите на нашите две држави, рече тој.

Инаку процесот на издавање на смарт картичките започна на 15 јуни и ќе трае до 15 август, а државата тоа ќе ја чини 172 милиони денари.

 

Никола Ивановски

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1