ММС

Објавено на: 07/20/21 12:31 PM

Почина 38-годишен машинист од Прилеп – го затрупала земја во рудникот „Суводол“

Денеска во 02.30 часот во СВР Битола било пријавено дека во рудникот „Суводол“, во одрон од земја, бил пронајден затрупан машинистот К.Т.(38) од Прилеп, информираат од МВР.

Лекар од Итна медицинска помош Битола констатирал смрт, а увид извршила екипа од СВР Битола.

На местото на настанот биле Трудов инспектор и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било предадено на обдукција.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1