ММС

Објавено на: 07/20/21 12:29 PM

(Вознемирувачко видео) Со празна кесичка од чипс полицаец и спасил живот на жртва

Полицаец од Њујорк користел празна вреќичка чипс и леплива лента за да и пружи прва помош на жртвата од прободување, за што на крајот властите рекле дека и го спасил животот

Полицаецот Роналд Кенеди пристигнал на местото на настанот во Харлем на 7 јули и веднаш се приближил до жртвата.

„Донеси ми веднаш ќеса чипс“, се слуша Кенеди на видеото објавено од полицијата по инцидентот.

Еден човек, кој стоеше во близина, истрча до продавницата и се врати со ќесичка чипс. Полицаецот ја испразни чесата и побара леплива лента.

– Ме погоди во белите дробови – рекла жртвата, по што полицаецот одговорил дека знае и и рекол да се опушти, пренесува Си-Ен-Ен.

Потоа полицаецот повикал две лица да му помогнат да ја положи жртвата на грб, по што тој почнал да ја лепи ќесата на градите на жртвата за да ја покрие раната и да го забави крварењето додека не пристигне брзата помош.

„Те имаме, те имаме“, се слуша Кенеди.

Кога Брзата помош пристигнала на местото, тие го отстраниле импровизираниот завој на Кенеди, ја ставиле жртвата на носила и ја пренеле во болница.

Според лекарот, брзото размислување на Кенеди и го спасило животот на жртвата.

Засега е непознато дали осомничениот е уапсен.

Извор: espreso.co.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1