ММС

Објавено на: 07/20/21 12:18 PM

(ВИДЕО) Продавач изеде ќотек од татко, забележал како и го снима задникот на ќерка си

Видеото, за кое се претпоставува дека е направено во продавница во Мексико Сити, го обиколи светот, а на него можеме да видиме како бесен татко казнува човек кој ја фотографирал неговата малолетна ќерка со мобилен телефон.

Според медиумите, работникот бил фатен како го снима задникот на девојчето, што нејзиниот татко го забележал.

Ова го разбеснило човекот кој прво го турнал мониторот што бил на масата, а потоа му удрил шлаканица на човекот за кој тврди дека ја сликал неговата ќерка.

– Што сликаш, а? Свињо, свињо – извикал таткото, на што ќерката реагирала и рекла дека сака да го пријави манијакот.

Во коментарите, многумина му оддадоа почит на човекот и рекле дека слично би постапиле спрема манијакот ако тоа била нивната ќерка.

Извор: Србијаданас.ком


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1