ММС

Објавено на: 07/20/21 10:45 AM

Девојче живее со Ковид прсти – не може да оди и да носи чевли, девет месеци преживува пекол

Софија (13) е девојка од Шкотска која не била позитивна на Ковид 19, но од октомври минатата година, таа се соочува со нешто што експертите го нарекуваат „Ковид прсти“.

Поради оваа состојба, девојчето има потешкотии во одењето и не може да носи чевли, пренесува BBC.

– Нозете ми отекуваат и на нив добивам плускавци, кои многу брзо од розеви се претвораат во виолетови. Имам и калуси на стапалата, па затоа ми е многу тешко да станам и да стојам долго. Можам да носам само апостолки – вели Софија.

Таа живее во мал град во Шкотска, не може да оди на училиште и се потпира на инвалидски колички за подолги прошетки.

– Пред тоа пеев, танцував и трчав насекаде. Сега не можам да го сторам тоа и тоа е предизвик – вели таа.

Нејзиниот случај е еден од најтешките.

– Нила беше на дерматолог и беше на стероиди – вели мајката Геби.

-Тие ги направија сите тестови, ги испробаа сите лекови, кремови на нејзините нозе и останаа без идеи бидејќи ништо не помага – велат родителите, но исто така нагласуваат дека ќе се борат за својата ќерка. Тие веќе имаат некои планови, но дотогаш, Софија учи како да „плива“ во новата животна ситуација.

– Ги ставам нозете во топли купки со миризлива сол и тоа ми помага, но страшно е затоа што не знам што се случува – вели Софија.

Ковид прстите претставуваат некаков вид смрзнатини или осип карактеристични за корона. Тие се јавуваат почесто кај деца и помлади луѓе, а подоцна и за време на болеста, но тоа не е правило. Промените можат да бидат болни, и најчесто не предизвикуваат чешање. Кога ќе почне да се повлекува, горните слоеви може да се олупат, пишува „Huff Post“, каде што може да се видат и фотографии од Ковид прстите.

Извор: Курир.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1