ММС

Објавено на: 07/20/21 10:07 AM

Џеф Безос денес ќе полета во вселената во друштво на 82-годишна астронаутка и холандски тинејџер

„Возбуден сум, но не и нервозен. Ќе видиме како ќе се чувствувам кога ќе бидам врзан за своето седиште“, рече американскиот милијардер Џеф Безос кој денес од пустината во западен Тексас, САД ќе полета до работ на вселената, а патувањето ќе трае 11 минути.

Најбогатиот човек во светот ќе се вивне во вселената со својата ракета Њу Шепард на својата компанија „Блу Ориџин“ како дел од екипажот во склоп на историскиот суборбитален лет кој е пресвртница за почетокот на новата ера на комерцијални летови во вселената.

Неговиот ривал од Велика Британија, милијардерот Ричард Брансон беше член на екипажот на успешниот инаугуративен орбитален лет на конкурентната агенција „Вирџин Галактик“ од Ново Мексико.

Брансон прв стигна во вселената, но Безос ќе лета подалеку. Безос ќе се вивне 100 километри од површината на земјата, додека Брансон леташе до 86 километри.

Џеф Безос на патувањето ќе биде придружуван од астронаутката Воли Фанк која со 82 години ќе стане најстарата личност која летнала во вселената. Со нив ќе патува и холандскиот тинејџер Оливер Даемен кој ќе стане и најмлад астронаут и воедно првиот патник кој платил за патување со компанијата „Блу Ориџин“.

Четвртиот член на екипажот е братот на Џеф Безос, Марк кој управува со семејната фондација и волонтира како пожарникар.

– Подготвени сме, возилото е подготвено. Овој тим е неверојатен и јас се чувствувам добро поради тоа, а мислам и дека моите колеги од екипажот се чувствуваат добро пораид тоа“, додаде тој.

Воли Фанк била дел од групата жени наречени „Меркјури13“ кои ја поминале обуката за атронаути на НАСА во 60-те, но биле одбиени поради полот.

„Њу Шепард“ е 18,3 метри висока и во целост автономна ракета и капсула која не може да се управува внатре од возилото. Со неа се управува со надворешен компјутер и нема да има астронаути на „Блу Ориџин“.

Екипажот ќе помине неколку минути над Кармановата линија која е меѓународно призната граница помеѓу земјината атмосфера и вселената на 100 километри надморска висина. А во текот на патувањето неколку минути ќе почувствува безтежинска состојба и ќе може да ја види закривеноста на планетата. Тие ќе се слетаат на Земјата со помош на падобрани со брзина од 1,6 километри на час во пустината во Тексас.

И милијардерот Елон Маск планира да испрати цивилен екипаж на уште поамбициозен лет во септември – повеќедневна орбитална мисија со капсулата „Кру Драгон“.

Извор: 24sata.hr

Фото: Washington Post, CNN


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1