ММС

Објавено на: 07/20/21 9:55 AM

Момчето ја навредувало поради килограмите, а сега се кае: Таа изгледа подобро од кога било!

Девојка чие срце било скршени поради навреди за нејзиниот физички изглед, успеала да намали голем број килограми со помош на диета.

Имено, студентката Изабел Мореј (18) уште како дете водела битка со килограмите, но вели дека најтешко и’ паднале навредите од момчето со кое била во врска. Тоа се случило минатиот јануари и и’ го скршило срцето. Меѓутоа, таа одлучила работите да ги земе во свои раце и да го промени својот изглед. Трудот се исплатил, па само по шест месеци почнала да носи облека помала за четири конфекциски броеви. Во сето тоа и’ помогнала популарната диета 5:2 која подразбира во текот на пет дена во неделата да се јаде така што да не се надмине границата од 2000 калории за жени, односно 2400 за мажи. Потоа следуваат два дена кога се јаде драстично помалку и се внесуваат 500 калории за жени или 600 за мажи.

Новиот изглед целосно и’ го променил животот.

„Имам сосема нов живот, полна сум со самодоверба и го сакам своето тело“, вели Изабел. Таа истакнува дека уживала кога, момчето кое ја нарекло „кит“ и’ се јавило откако ги видело нејзините фотографии.

Се смеев кога ми прати порака „еј, не сум те видел баш долго“, а јас секако не му одговорив – признава таа. Изабел додава дека уживала во трансформацијата низ која поминала бидејќи се чувствува посреќно и поздраво.

 

Извор: informer.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1