ММС

Објавено на: 07/20/21 8:46 AM

Јас во карантин во Јапонија, жена ми во болница во Белград: Корона пекол низ кој помина српската олимписка двојка

Српската олимписка двојка Милош Васиќ, веслач и кошаркарка Соња Васиќ, поминале низ вистинска драма пред Олимписките игри во Токио.

Милош бил позитивен на коронавирусот по слетувањето во Јапонија, па морал да биде во изолација и карантин 14 дена, а имал и температура. Од друга страна, Соња била позитивна на корона во Белград, каде што морала да помине низ карантин и да оди во болница.

Српскиот веслач опишал како функционираат тие настани од негова гледна точка.

– Предолги 12 дена „на пат“ за Токио, но конечно работите доаѓаат на планираното место. Голем удар при слетувањето на 3 јули, тестот за корона беше позитивен и завршив во изолација 12 дена. Огромен чекор наназад за мене, мојот тим (исто така затворен 14 дена), семејството и луѓето кои не поддржуваат.

– Да бидат работите уште полоши, во исто време, мојата сопруга е позитивна во Србија. Јас сум во изолација во Токио, а таа е во болница во Белград …

– Но ете, не може да се контролира сè во животот. Толку труд и работа, надминување на препреките, извојување победи, почитување протоколи (вакцинирани), но на последниот чекор нè пречека непријател поголем од нас.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Milos Vasic (@vaskelaa)

– Најважно во тие денови беше дека сме пред се здрави и дека сè ќе помине без компликации.

– Немав никакви симптоми, еден ден температура и тоа е сè што ми се случи. Се чувствувам добро, добив дозвола по сите медицински прегледи и добри резултати. Се вратив на тренинг веднаш по излегувањето од карантин и се обидуваме да го искористиме малку преостанатото време за да се претставиме што е можно подобро на трките.

– Голема благодарност до Олимпискиот комитет на Србија и Амбасадата на Србија во Јапонија за целата помош и поддршка, на моето семејство кое не спиеше со денови, размислувајќи како сè ќе заврши и секако на сите други луѓе кои се секогаш со нас и не поддржуваат нас – напиша Васиќ на Инстаграм.

Извор: Телеграф.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1