ММС

Објавено на: 07/20/21 8:01 AM

Добивала лекови поради кои „полудела“ – Телохранителот на Бритни Спирс откри шокантни детали

Поранешниот телохранител на Бритни Спирс, Фернандо Флорес, откри морбидни работи низ кои поминала пејачката под старателство на нејзиниот татко Џејми, кои траат од 2008 година, поточно откако доживеа криза со менталното здравје во јавноста.

Телохранителот тврди дека пејачката, во периодот кога работел за неа, еднаш неделно примала мешавина од различни лекови поради кои таа „полудела“, и тоа од непозната жена.

„Тоа беа три антипсихотични лекови и апчиња за контрацепција“, рекол Флорес.

Фернандо, кој работел за пејачката осум месеци во 2010 година, тврди дека нејзиниот телефон бил контролиран во тоа време и дека не смеела да ја напушта куќата сама. Овие наводно биле правила и одлуки на нејзиниот татко Џејми Спирс.

– Тој се јавуваше три или четири пати на ден за да провери што се случува. Ако сакаше нешто, мораше да побара дозвола од него. Деновите ги минуваше гледајќи телевизија или вежбајќи – рече Флорес.

Не е изненадувачки што Флорес дури сега прозборел, односно откако Бритни ги откри деталите за контроверзното старателство на суд, барајќи слобода. Следното рочиште е закажано за 29 септември во Лос Анџелес, а Бритни и нејзиниот адвокат се уште немаат поднесено официјално барање за прекинување на старателството.

Извор: Курир.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1