ММС

Објавено на: 07/20/21 7:54 AM

Попладне посебен сообраќаен режим во Скопје – блокирани неколку улици

Посебен сообраќаен режим ќе се спроведува денеска во центарот на Скопје поради протестен марш, во oрганизација на здруженијата на граѓани – коалиција „Менуваме“.

Како што најави Министерството за внатрешни работи, протестот ќе започне во 18:00 часот пред Владата, а потоа ќе продолжи до Собранието. Од тие причини, Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, односно од 14:30 часот до завршување на настанот затворена за сообраќај ќе биде улицата „11 Октомври“, а за време на движењето мерки за посебен режим на сообраќајот ќе се преземат и на булеварот „Илинден“, десно по булеварот „ВМРО“ и лево по улицата „Димитрие Чуповски“, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1