ММС

Објавено на: 07/19/21 9:31 PM

Исплата на пензиите од 27 до 30 јули

Владата им препорачува на деловните банки да обезбедат пензионерите да може да располагаат со јулските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 27-ми месецов, како и да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи по распоред составен според висината на пензијата, соопшти владината прес-служба.

На денешната седница на Владата е усвоена Информацијата за исплата на пензии за јули 2021, а  Фондот на пензиското и инвалидското осигурување добил задолжение да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 26-ти месецов.

Според препораката од Владата, за пензии со висина до 11.000 денари, исплатата треба да се изврши на 27.07.2021 (вторник),  а за тие со износ од 11.001-14.000 денари на 28.07.2021 (среда). Пензиите со износ од 14.001 до 18.000 денари, според препораката, треба да се исплаќаат на 29.07.2021 (четврток), а над 18.001 денари – на 30.07.2021

 

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1