ММС

Објавено на: 07/19/21 8:47 PM

„Адријан, ти држиме среќа“ – Филипче однесе роденденски подарок на детенце кое боледува од тешка болест

Министерот за здравство Венко Филипче денеска беше во посета на детенце кое лежи во одделот за онкологија на Клиниката за детски болести. Филипче лично отиде да го запознае детенцето кој му го честиташе неговиот 11-ти роденден и му посака што побрзо да оздрави.

-Ова ведро и насмеано момче се вика Адријан и денеска наполни 11 години. Кога влегов во собата веднаш ме плени неговата насмевка, позитивна енергија и ведар дух.
Мајка му на Адријан ме покани да го запознаам овој борец кој за жал, лежи на Одделот за онкологија на Клиниката за детски болести. Јас силно верувам дека Адријан ќе ја добие битката со опаката болест бидејќи е храбар и полн живот. Ти држиме среќа за што побрзо да им се вратиш на игрите со другарчињата, стои во објавата на министерот за здравство на официјалниот Фејсбук профил

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1