ММС

Објавено на: 07/19/21 7:18 PM

Здравствените работници ќе го имаат клучниот збор – Тие ќе одлучат дали градинките од септември ќе работат со полн капацитет

Останува да процениме дали градинките ќе работат со полн капацитет од септември. Ќе го почитуваме мислењето на здравствените власти, на Комисијата за заразни болести која будно ја следи епидемиолошката состојба, рече вечерва министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.

Сепак, таа е оптимист и, како што истакна во гостувањето на ТВ Сител, очекува мирна есен.

Според Шахпаска, градинките се една од поуспешните приказни во справувањето со пандемијата.

-Со систематски пристап, редовни надзори и почитување на протоколите од страна на вработените и родителите, имаме заокружување на успешен период. Добро поминавме, добри беа показателите, добро беше присуството на деца во градинките. Согласно протоколите, се уште има слободни места за одење на децата во градинките. Јас сум оптимист, нема причина тоа да не биде така, имајќи го предвид фактот дека најголем дел од вработените во градинките веќе се комплетно вакцинирани, со двете дози, истакна Шахпаска.

Министерката подвлече дека здравјето на децата и на сите граѓани останува врвен приоритет.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1