ММС

Објавено на: 07/19/21 6:18 PM

Зголемена фрекфенција на возила на Табановце – Се чека за влез и излез половина час

На ГП Табановце има зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за влез и излез од државата е околу 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања, соопшти Автомотосојузот на Македонија во извештајот за состојбата на патиштата во 18 часот.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

АМСМ го пренесува известувањето на компанијата СТРАБАГ АГ  дека од задутре  целосно ќе биде затворен сообраќајот на делницата помеѓу клучките Штип-Запад до клучка Штип-Југ. Сообраќајот ќе биде пренасочен на веќе постоечкиот регионален пат кој минува низ Штип преку Ново Село до клучка Штип-југ.

Препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Тоа посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1