ММС

Објавено на: 07/19/21 4:38 PM

Утре поради протест ќе биде блокиран центарот на Скопје

Министерството за внатрешни работи најави дека утре  ќе има посебен сообраќаен режим во сообраќајот во центарот на Скопје поради протестен марш во oрганизација на здруженијата на граѓани – коалиција „Менуваме“.

-Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје  утре ќе преземе посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот. Протестот ќе започне во 18.00 часот пред Владата, а потоа ќе продолжи до Собранието на Република Северна Македонија. Од тие причини, Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, односно од 14.30 часот до завршување на настанот затворена за сообраќај ќе биде ул.„11 Октомври“, а за време на движењето мерки за посебен режим на сообраќајот ќе се преземат и на бул.„Илинден“, десно по бул.„ВМРО“ и лево по ул.„Димитрие Чуповски“, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници, соопшти МВР.

Оттаму апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1